Битолчанецот Горјан Стојановски настапи како диригент на сцената на операта во Пловдив

Cultural Chat, македонска дигитална платформа за култура објавува за последниот успех на македонски млад уметник Горјан Стојановски. Неговиот диригентски настап се случил како дел од завршниот концерт на мастер класот по диригирање на светскио познатиот Урош Лајовиц, а Стојановски диригира со оркестарот на државната опера во Пловдив. „Бевме 10 диригенти од Русија, Украина, Казахстан, Италија, Шпанија, Кореја, Кина, САД и јас од Македонија. Работевме и изведувавме дела од Моцарт: увертира од операта Волшебната флејта, Брамс: Варијации на тема од Јозеф Хајдн и Берлиоз: Фантастична симфонија“, ни изјави Горјан и додаде „ Јас, заедно со уште двајца колеги ги изведувавме варијациите на Брамс“.- пишува во веста на Cultural Chat.
Повеќе за концертот, Горјан Стојановски и самиот концерт :
Фото насловна : Горјан Стојановски ФБ
