May 29, 2023

Екипите на ЈКП „Водовод“ активни во текот на месец февруари

Контролни тимови и интервентни екипи во текот на февруари спровеле обемно контролирање на функционалноста на водоводни затворачи и спровеле повеќе од 80 санации.
Ова денеска го соопштуваат од ЈКП „Водовод“, како месечен извештај за теренските активности за одржување на водоводната мрежа во Општина Битола за месецот кој изминува, февруари 2023година.


Во информацијата се вели дека изминатите денови екипите на ЈКП „Водовод“ спровеле 80тина санации на дефекти на повеќе локации во Општината.
„Исто така формиран е тим кој врши контрола на функционалноста на затворачи (шибери) од различен обем. Извршена е контрола на 140, од нив 8 беа неисправни и истите се ставени во функција“. Така е реализирана и Програмата за проверка и санација на овие важни елементи од мрежата на ЈКП Водовод- Битола, а со тоа се намалува прекинот на водоснабдувањето при интервенции или дефекти.


„Исто така, активно се работеше на редовните активности околу оддржувањето на водоводната мрежа, со цел квалитетно и непрекинато водоснабдување во нашиот град.“

ЈКП „Водовод“ е претпријатие формирано од Советот на Општината , а нивна дејност е контрола на функционирањето на водоводната дистрибутивна мрежа, планско превентивно одржување,интервентно одржување на мрежата и приклучоците,одржување на квалитетот на водата во мрежата,изработка на нови приклучоци на водоводната мрежа, изработка на нови делници во водоводната мрежа како и реконструкција на постојните, контрола на исправноста на мерните инструменти на потрошувачката на вода – водомери.


1021