Битолчани во 2021 немале среќа ниту во игрите на среќа ….

… Или , работеле ама данок не плаќале(!?). Ова произлегува од извештајот на Управата за јавни приходи на Македонија до која за календарската 2021 година годишна даночна пријава поднеле 788 илјади и 643 граѓани. Од нив, 104 илјади 939 биле поднесени во регионалната дирекција на УЈП Битола.
Во 2021г. 49 902 граѓани утврден е бруто-доход над 1 милион денари, додека најголемиот број на граѓани односно 623илјади и 690 оствариле бруто-доход кој се движи во прагот од 100 илјади до 1 милион денари. Споредувано со претходната 2020 година, во 2021 година зголемен бил бројот на граѓани кај врвните прагови, односно 25 граѓани во 2021 оствариле над 100 милиони денари, а 757 граѓани оствариле приходи во прагот од 10 до 100 милиони денари. Ама, битолчани и други пелагонци на листата нема.

Скопјанец е на врвот на листата на највисок годишен бруто доход за 2021 година, пријавил 244,2 милиони денари денари годишен бруто – доход.
Битолчани во 2021 немале среќа ниту во игрите на среќа. Среќајлии најмногу биле скопјани, еднаш гостиварец и еднаш струмичанец. По основ игри на среќа на Скопјанец му биле исплатени 41,1 милиони денари од Државната лотарија, а второрангираниот кој е исто така од Скопје остварил добивка од игри на среќа главно од обложувалници во износ од 31,3 милиони денари.
И „високи“ пензионери имало само во Скопје и скопско. На листата нема друг град. Прво-рангираниот пензионер е од Скопје кој пријавува странска пензија што изнесува 5,8 милиони денари на годишно ниво.
За „среќа“ на битолчани, скопјани го изгубиле првото и десеттото место од листата на доход од осигурување. Првиот е лице од Тетово, со највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурана сума во износ од 2,9 милиони денари.
Годишниот даночен извештај за 2022 година ќе треба да се очекува в година ова време.
