May 29, 2023

Цената на лебот „замрзна“ , не се знае реакцијата на пекарите

Владата ја замрзна цената на лебот со тежина од 450 грама на 33 денари и го укина субвенционирањето на струјатаза производителите на основните прехранбени продукти затоа што не ги намалиле цените. Ограничувањето на цената на лебот на 33 денари ќе важи до 31 мај.
Дискусијата за оваа мерка последната недела ги бранува пекарите и мелничарите кои не го прифаќаат замрзнувањето на цената на лебот и се закануваат дека еден ден по објавувањето на одлуката во Службен весник нема да достават леб во продавниците. На вчерашната седница едногласна им била одлуката дека ќе ги исклучат печките и ќе прекинат со производство. Образложуваат, со цена од 33 денари за 450 грама леб ќе губат и по 15 илјади евра дневно.

Министерот Бектеши денеска на прес конференција најави пазарни инспекции кај пекарите и мелничарите, а и образложуваше на што се должи оваа одлука.
Во однос на субвенционираната струја на електрична енергија, министерот кажа таа се укинува бидејќи компаниите кои што ја користеа немаат намалување на цените што беше главна цел на мерката.


1005