Пеце Милевски: Разумните луѓе се оттргнуваат од секојневието за да ги расчистуваат клеветите од неработниците

„Нема потреба од внимание кон луѓе што од здодевност во сопствените животи ги измамуваат институциите и ги пуштаат во празен лов на луѓе кои си ја работат својата работа.
Веројатно затоа е и ниската довербата во институциите на државата.
Но кога упорно магарешки се инсистира, тогаш разумните луѓе за жал мора да се оттргнат од секојдневната работа и да се занимаваат со расчистување на клеветите кои неработниците ги пласираат.
Така живееме во последните 6 години не само овде во Битола, туку во цела држава.
Двојните аршини по партиски клуч станаа морална вредност за несовесните. И дефиницијата на обичен човек кај нас стана пример за разочарани и депресивни граѓани.
Секојдневно, не знаеме колку и што од државата ќе биде продадено, колку струја ќе биде украдено, колку граѓаните ќе плаќаат, а од денес еве не знаеме ниту дали на трпезите ќе имаме леб.
Ова мора да престане !
За да се се продолжи вистински да се живее потребни се избори сега ! “
Ова е реакцијата на Пеце Милевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола по најновите медиумски информации за поднесена кривична пријава против него како директор на ЈКП „Водовод“.
