ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА: Јавен повик за поддршка на проекти и програмски активности на граѓански организации и фондации со вклучена компонента од областа на еднаквите можности

Врз основа на член 14 став 4 од Законот за еднакви можности на жените и мажите на РМ („Службен весник на РМ ” бр.6/12, 27/13, 46/15, 125/15 и 114/17) и Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2023 („Службен гласник на Општина Битола” бр. 16/22 од 30.12.2022 Општина Битола објавува: ЈАВЕН ПОВИК за поддршка на проекти и програмски активности на граѓански организации и фондации со вклучена компонента од областа на еднаквите можности

Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти и програмски активности на здруженија на граѓани, фондации, кои ќе значат и подобрување во областа на еднаквите можности на жените и мажите.

Проектите и програмските активности ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2023 година како и критериумите дадени во овој Јавен повик.

Повеќе информации за повикот на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-ednakvi-moznosti/


1297