Украден трансформаторот во с.Мојно, Општина Могила

Прес конференцијата на Општина Могила ви ја пренесуваме интегрално:
Почитувани жители на општина Могила,
Ве известиме дека деновиве повторно е украден трансформаторот во село Мојно кој служеше за напојување со електрична енергија на пумпата за водоснабудување чија вредност е 1 милион денари, кој беше набавен со средства од Буџетот на општина Могила.
Покрај тешката финансиска состојба на општина Могила и долговите кои ги наследивме успеавме да го набавиме, но за не цел месец од неговото поставување е украден, со што жителите повторно ќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето.
Веќе неколку години оперираат крадци на територијата на општина Могила кои извршуваат тешки кражби во над десетина приватни имоти. Исто така се извршени тешки кражби во индустриски објекти, во непосредна близина на Могила и Радобор.
Дел од споменатите кражби се со оформени обвинителски предмети, но не е започната судска постапка, апелираме до надлежните за побрза судска разрешница со цел да не се повторуваат ваквите кражби.
Советот на Општина Могила најостро ја осудува кражбата на трансформаторот во село Мојно и апелира до МВР за најскоро откривање на сторителите.
Ги замолуваме жителите доколку имаат било каква информација за побрзо расчистување на случаевите да ги известат надлежните во МВР.
