March 29, 2024

Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Tемпературата на воздухот ќе се движи од 0 до 12 степени Целзиусови. И во следните денови под влијание на циклонска активност од запад ќе се задржи променливо време и ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промени.

Извор: УХМР

Фото насловна: skimacedonia.mk


1020