March 29, 2024

Состојба на патишта – влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 50м. има на планинскиот превој Ѓавато и од 60 – 70м. на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Забрана за движење : Поради изведување градежни работи на пат (минирање), при изградбата на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал на ден 01.03.2023 среда во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е преќин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во преќин до расчистување на магистралниот пат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502 .

Извор: ЈПОЗМРП диспечерски центар


1019