September 28, 2023

ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВУВА: Јавен оглас за ангажирање на максимум шест тутори за поддршка на ученици Роми во Општина Битола

Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми од второ, трето и четврто одделение во основно образование во Општина Битола.
Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Заинтересираните кандидати комплетната документација наведена во јавниот повик, може да ја достават на три начини:
1.Во архивата на општината во затворен коверт со долунаведената назнака
2.Препорачано по пошта на следната адреса: Булевар 1ви Мај бр.61, 7000 Битола, во затворен коверт со долунаведената назнака
или
3.Електронски на следната е-маил адреса: popovskan@bitola.gov.mk со долунаведената назнака
Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 10.03.2023 година со назнака: „АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА“ – РОМАКТЕД ПРОГРАМА.
Информациите за јавниот оглас се достапни на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-ангаѓирање-на-1-консулта/


1020