June 2, 2023

Според нумеролозите денеска е важен ден

3.03.2023 за нумеролозите е најважниот ден во годината заради еднаквоста на бројките во датумот чиј збир претставува чиста енергија што пак подразбира големи промени.
Најпрвин месецот.

Март има нумеролошки код 111 што подразбира пресвртница во годината, месец на големи промени или решавање на стари проблеми.
Бројот 3 во духовна смисла го претставува светото Тројство, па денеска вистинските верници на нумерологијата очекуваат чуда.
За светската политика тоа подразбира (според нумеролозите и астролозите) можност за завршување на конфликти или отворање нови поглавја кои водат кон смирување на тензиите.

З.03.2023 пак го претставува бројот на заедницата, соединување, поврзување и смирување, па на него се гледа како на ден кој може да се искористи за поврзување со други луѓе , во семејството или професионално. Ден поволен за нови почетоци, или обрасци , односно ден кога се затвораат стари поглавја , а се отвораат некои нови.

Фото насловна: астрономскиот часовник во Прага


1003