Временска прогноза

Облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата на воздухот ќе се движи од 4 до 8 степени Целзиусови.

За утре, 5.03.2023 , хидрометереолозите од Управата за хидрометереолошки работи на Македонија предвидуваат променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Температури, минимална од 0 до 3, максимална до 10 степени Целзиусови.

Во продолжение слика од прогнозата на УХМР за 6, 7 и 8 март 2023 година.

Извор: УХМР


1094

Задолжително

Verified by MonsterInsights