April 18, 2024

Една година живот на море, нова туристичка понуда за која зборува светот

Life at Sea Cruises отвори резервации за своето тригодишно патување со MV Gemini, кој испловува од Истанбул на 1 ноември. Животот на море го нуди интернационалната компанија Miraycruises со седишта во Истанбул, Атина, Малта и Флорида,САД.
Компанијата најавува посета на 375 пристаништа ширум светот, посетувајќи 135 земји и сите 7 континенти. Бродот ќе помине повеќе од 130.000 милји во текот на трите години, па ги споменува Рио де Жанеиро, Таџ Махал, до мексиканската Чичен Ица, пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу и Кинескиот ѕид. Дури и патува до 103 „тропски острови“. Од тие 375 пристаништа, 208 ќе бидат застанувања преку ноќ, што ќе ви даде дополнително време за откривање.

Ол инклузив, само 29.999 американски долари за 1 година, ама бродот е супер


Има 400 кабини, со простор за до 1.074 патници кои може да уживаат во традиционалните погодности за крстарење ресторани, детски игротеки, продавници, ноќна забава и секако палуба подготвена за сончање. А може и да работите додека го крстарите светот.
Компанијата ветува целосен деловен центар полн со сали за состаноци, 14 канцеларии, деловна библиотека и салон, веројатно за вашите паузи за кафе во средината на смената со бесплатен пристап.
И пред да кажете, ако работам не сум на одмор….

… едногодишното крстарење вклучува Божик во Бразил и Нова Година во Аргентина. Бродот ќе ја обиколува цела Јужна Америка (прескокнувајќи на југ до Антарктикот), ќе заобиколува острови околу Карибите и ќе ги зафати двата брега на Централна Америка, а потоа ќе се искачи на западниот брег на Северна Америка, преминувајќи на Хаваи.
Постојките во Азија вклучуваат Јапонија (12 застанувања), Јужна Кореја (вклучувајќи го и островот Џеџу) и Кина. Исто така, ги опфаќа повеќето класични дестинации во Југоисточна Азија, од Бали, Да Нанг во Виетнам и брегот на Камбоџа до Бангкок, Сингапур и Куала Лумпур.

Да, поаѓа на 1 ноември 2023 година , од Истанбул, што значи осум месеци да се средат пасошите, вакцините и на работа да најавите неплатен одмор. Да не заборавиме, уживањето ќе ве чини 29.999 долари по човек, годишно.

Повеќе информации https://www.lifeatseacruises.com/#live-work-explore


1136