April 19, 2024

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Затворен за сообраќај е делницата 4 Велес Градско – делот с. Ногаевци до с.Виничани. Причина за тоа е вградување на асфалтен слој на делницата во рамки на проектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“. Сообраќајот на оваа делница ќе биде во прекин / затворен до 16.00часот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502.


1084