March 26, 2023

Растени сме со сестра ми,
навидум и по сите правила,
во класично конзервативно патријархално семејство.

Живеевме со баба и дедо,
шест члено семејство во голема семејна куќа во центарот на Битола.
Се знаеше местото на трпезата кој каде седи,
кому прв се сервира оброкот,
кој пазари катаден,..
… и секако, често коментираната тема
кој колку е главен во улогите дома и заклучоците кои се сведуваа на едно и исто: највозрасниот треба да го каже последниот збор.
Но, кога ќе се сетам на комплетната поставеност на улогите мајка и татко,
тоа така никогаш и не било.
Зошто?
Па, кога и да го прашав татко ми тој нешто да ми дозволи, а сакајќи да ја избегнам очекуваната строгост на мајка ми, беше безуспешно бидејќи секогаш завршуваше со
„ПРАШАЈ ЈА МАМА“.
Исто така, за било кој планиран настан дома или надвор, кога на глас прашувавме за точен термин, што , кога … добивавме сличен одговор
„КО* ЌЕ КАЖИ МАЈКА ВИ“.
Да не зборувам за одлуките кои опфаќаа летен одмор, финансиските трошоци или пак општи семејни обврски. Одговорот беше познат
„МАМА КАКО ШО* ЌЕ РЕЧИ!“


МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА и во минатото како и денес е носител и главен генератор во донесувањето на одлуките, а тоа го докажала со рамноправното учество во најтешките облици на опстојувањето, во сите ослободителни војни, нејзиното непосредно делување во организираниот отпор и секако повоеното градење и раснење на нашата татковина.
СИТЕ НИЕ СМЕ петтиот елемент што ги поврзува водата, земјата, водухот и огнот, затоа само со женска поддршка и солидарност можеме и мораме да ја продолжиме борбата што сама пo себе се наметнала од потреба што не постои личност (без разлика дали е маж или жена) на кого безусловно не му е потребна несопирливата женска сила и упорност.

САКАЈТЕ СЕ,
ПОЧИТУВАЈТЕ СЕ, НАЈПРВИН СЕБЕ СИ!
Тоа никако не е себичност, напротив :
себеспознанието и самопочитта ќе ви помогне да ги прифатите останатите со повеќе разбирање и толеранција, а при тоа да не се изгубите во сопствената емпатија, туку вашата позитивна енергија да ја споделите кон другите.
Отсуството на себепочит води кон толеранција на секаков вид на насилство, а тоа НИКАКО И ПО НИКОЈА ОСНОВА НЕ СМЕЕ ДА ГО ДОЖИВУВА НИТИ ЕДНА ЖЕНА!!!
Да не зборувам за тоа како сеуште денес во некои средини се гледа на жената како општествено инфериорна, како подредена и за жал сеуште присутната сексуална објективизација токму на жената.
Значи, борбата драги мои не е завршена!!!
И затоа :
ДА НИ Е ЧЕСТИТ 8*МИ МАРТ,
ДА СЕ ОЈАЧАМЕ СО ЖЕНСКАТА СИЛА ВО НАС
И ДА ГО УСОВРШИМЕ ОВОЈ ДЕНЕШЕН, НЕСОВРШЕН СВЕТ!

Пишува: Виолета Ковачевиќ , дипл.машински инг.
Член на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ