Унија на жени од ВМРО-ДПМНЕ Битола со трибина го одбележа 8 Март

Унијата на Жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола синоќа одржа трибина на која низ историски факти, лични примери и согледувања и поетски остварувања се направи осврт на светската борба за правата на жените, но и на македонската посебност во градењето држави со општества во кои мажите и жените имаат /споделуваат еднакви можности.
На присутните најпрвин им се обрати Ангелка Диневска, претседател на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Битола.

„Жената е лекарка, шоферка, инженерка, спортистка, политичарка, психолог,професорка, земјоделец, домаќинка, мајка, сестра, ќерка, баба и , таа е силна, храбра, мудра, нежна и внимателна. Жената е кралица, Жената е лавица. И достојна за внимание секој ден, сите 365 дена во годината. Го одбележуваме Меѓународниот ден на жената 8-ми Март како уште едно потсетување дека жените треба да продолжат да одат по патот на успехот, да продолжи организираното дејствување за правото на слобода и избор, живот без насилство и дискриминација, еднакви услови и работа без предрасуди, еднакво и активно учество во сите сфери во политичкиот, економскиот и социјалниот живот. Само со социјално стабилни, успешни и силни жени, домаќинки, баби, мајки, сестри, ќерки МАКЕДОНИЈА може да оди напред.“

На присутните им се обратија и пратеничката Олга Лозановска, македонистката проф.Динче Кочевска,професор по македонски јазик и литература и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, битолчанката поетеса и изведувач Софија Кочeвска и членот на ИК УЖ Виолета Ковачевиќ кои со прекрасното излагање го збогатија настанот по повод Празникот на жената.
„Стара е борбата за едкава застапеност на жените, од 1910 година. И досега се постигнати резултати за еднаквост во улогите во општестата, во семејството. Во семејството , мислам дека младите жени ги уживаат плодовите од таа борба. И ова го велам заради споредбата што ја правам дома, дома имам млади брачни парови кои подеднакво ги извршуваат семејните активности. – рече пратеничката Олга Лозановска.


Со цитати од Петре М.Андреевски и Блаже Конески во коишто жената била инспирација, проф. Динче Кочевска потсети на историската улога на жената од времето кога првпат гласно се проговори за женски права. „Борбата за правата на жената е борба за Македонија, ниту една економија нема да се реинкарнира ако нема жена, ниту една држава нема да е правна држава ако нема права за жените, ниту едно општество, држава, неможе да се развива ако нема право на образование за жените“-рече проф. Кочевска .


На овааа трибина присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола , Пеце Милевски. „ Во оваа ситуација на поразени вредности и нарушена државност слично како и низ историјата, жената била и è двигател на домот, семејството но исто така жената секогаш била важен дел и од општествените промени и напредок. Сегашноста не е ништо различна во однос на политиката и условите во кои живееме. Токму затоа потребна е силна взаемна поддршка меѓу мажите и жените секогаш е гаранција и истовремено важен услов за заедничка подобра иднина!“- вели Пеце Милевски.



Одбележувањето на денот за Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ започна со почетокот на месецот со различни хуманитарни акции и една крводарителска акција којашто ја споделија со јавноста.

