September 28, 2023

Изложба на уметнички дела на тема „Women Empowerment“, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во просториите на МладиХаб во БИТОЛА, се организира изложба на уметнички дела на тема „Women Empowerment“, со која се одбележа борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените!

Делата беа насликани од страна на 8 млади уметнички, под водство на Љубица Буба Солак, една од најдобрите уметнички во Битола! Изложбата вклучи претставување на делата, по што следеше и коктел, вмрежување на уметниците со локалните гости, како и дискусија.

По завршувањето на настанот, дел од насликаните дела ќе бидат донирани на Млади хаб Битола, а дел на јавните институции во Општина Битола. Наша цел е да ги поддржиме и промовираме младите уметнички од битолскиот регион, како и да им овозможиме платформа за промоција на нивната работа, притоа директно придонесувајќи за ширење на пораката за родова еднаквост и родова рамноправност.

Изложбата беше од отворен карактер!


1008