ОТВОРЕНО МОРЕ – нова претстава на БНТ

Битолскиот Народен театар за утревечер ја најави премиерата на претставата НА ОТВОРЕНО МОРЕ. Пред два дена Театарот сооопшти дека влезниците за премиерата се распродадени. Љубителите ќе имаат можност да ја гледаат повторно на 13 овој месец ( в недела), а повторно овој месец на 22 март . Влезници може да се набават на влезот од театарот.
НА ОТВОРЕНО МОРЕ е адаптација на текстот на полскиот драматург Славомир Мрожек што ја направија Благој Мицевски, режисер на оваа претстава и битолчанката драматургот Оливера Павловиќ.
Мрожек направил духовит текст исполнет со црн хумор и иронија.

„Ликовите на Мрожековата пиеса ги ставивме во драмски услови во кои тие „ќе ја надминат“ апсурдната ситуација во кои тие изворно беа ставени. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдистите“ – вели Оливера Павловиќ.
„Безнадежно изгубени на сплавот што бескрајно (п)лута ( никако да потоне!), на бродоломците не им преостанува ништо друго освен да си поиграат (живот!) додека играта трае. “

А играат, живот на сплав, 1 ПАТНИК: Марјан Георгиевски 2 ПАТНИК: Никола Пројчевски 3 ПАТНИК: Живко Борисовски БАТЛЕР 1: Васко Мавровски БАТЛЕР 2: Петар Спировски
текст: Славомир Мрожек адаптација и режија: Благој Мицевски
драматург: Оливера Павловиќ
костимографија: Благој Мицевски
сценографија: Валентин Светозарев
музика: Александар Димовски
светло: Игор Мицевски
видеопроекции: Владимир Переловски
Во претставата е додаден текст, настанат во соработка помеѓурежисерот и драматургот, а врз основа на документарни текстови и видеа.
инспициент: Мирослав Лазаревскисуфлер: Гордана Михајловска
