Временска прогноза

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот, во ноќните часови се очекува во целата држава времето да биде претежно облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.
Температурата ќе се движи од 16 степени Целзиусови како дневен максимум, до -4 степени Целзиусови како ноќна температура.
Извор: УХМР
