Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02/ 25 61 502 .
Забрани на патиштата:
Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.
Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на местото каде што се гради новата клучка Градско, на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.
Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13.10.2022 се воведe изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.
”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.
Извор: диспечерски центар на ЈП ОЗМРП
