June 2, 2023

Париз во смет цела недела

Илјадници тони ѓубре се наоѓаат натрупани на улиците низ француската престолнина по еднонеделните штрајкови на собирачите на отпадоци против владините пензиски реформи. Три постројки за согорување надвор од главниот град се погодени од прекините на работата поради кои цели тротоари се покриени со црни вреќи и преполни канти.
Кај граѓаните , по една недела, започнува размислувањето дали протестот на „ѓубраџиите“ е во ред за нивните животи. Ја разбираат социјалната потреба, но , некои велат популарно „валканиот“ Париз сега е на друго ниво.
Спорниот предлог-закон со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање во Франција од 62 на 64 години, e мерка усвоена од францускиот Сенат од минатиот месец. Оттогаш започнаа штрајкови, протести кои завршија и со насилство. И несобрано ѓубре кое секој ден се зголемува.
Претседателот Емануел Макрон не е исплашен од несобраното ѓубре што се натрупува во Париз, напротив, со владата и синдикатите преку медиумите се надмудрува со вестите за бројот на штрајкувачи кои излегуваат на протестите.
Штрајкувачите стравуваат дека Макрон и владата ќе ги усвојат измените и покрај нивното несогласуавање.

Фото насловна :


1005