Европски хонорари за балкански експерти во контроверзен договор за изградба на непроектирани патишта

„Цените за услугите што ќе ги плати Владата се чинат западноевропски. Но, зошто се такви ако се знае дека кадарот е пред се македонски и нешто балкански?“- стои во информацијата на „360 степени“, ТВ Алсат МК.
Информацијата го става под прашање целосниот договор на владата со компанијата „Бехтел и Енка“ за изградба на 110 км автопат низ државата кој досега од надлежните министри е проценет на 1.3 милијарди евра. Според информацијата, „паушали од 300.000 по човек ќе бидат исплатени на експертите вклучени во преговорите, а потоа и тие што ќе бидат вклучени во изградбата.
„Договорот е претставен како странски, а сепак домашни експерти и фирми ќе го имаат гглавниот збор“, пишува „360 степени“.
Проектот стана контроверзен по изборот на фирмата којашто треба да изведува надзор врз изградбата. Имено, до избор на надзорна компанија владата стигнала по повторување на тендерската постапка и промена на условот за заинтересираните фирми – наместо „позитивен банкарски биланс“ само “банкарски биланс“ . Претходно, конкурсот бил непотребно продолжен, а како што обвинува партијата ВМРО-ДПМНЕ , тоа е незаконска манипулација којашто обвинителството треба кривично да ја гони.
Секојдневните реакции на ВМРО-ДПМНЕ за потенцијалните можности за криминал и фактот дека пријавените пари кои треба да бидат потрошени до 2027 година не се конечни, за премиерот Димитар Ковачевски претставуваат „ширење хистерија“.
Обидот за реалтивизирање односно сокривање на направениот незаконски избор ги натера ВМРО-ДПМНЕ да побараат јавното обвинителство да отвори истрага за„ коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра, и да побара запирање на работата на истиот.“
