June 2, 2023

Освои Оскар, ПА СЕ ВРАТИ НА РАБОТА ВО СТАРБАКС

Иако филмот во кој глумеше ја освои престижната награда во категоријата најдобар краток игран филм, актерот рече дека му е важно да остане скромен.

Актерот Џејмс Мартин одигра една од главните улоги во „An Irish Goodbye“, краток игран филм кој освои Оскар на овогодинешните награди. Сепак, иако филмот доживеа огромен успех, Џејмс по снимањето се врати на својата работа, пренесе Дејли Мејл.

Тој веќе некое време работи во Старбакс во Белфаст, а ништо не се сменило дури и откако ја одигра улогата во филмот. Освен што работи во кафуле, Мартин работи и како готвач во италијански ресторан.

Џејмс беше дел од еден од најнезаборавните моменти на овогодинешните награди. Кога тој и неговиот колега Шејмус О’Хара, како и продуцентите на филмот Рос Вајт и Том Беркли излегоа на сцената, одржаа кратки говори. За време на својот говор Беркли спомна дека Џејмс слави роденден, а познатите од публиката веднаш му честитаа на многу посебен начин. Сите заедно ја пееја песната „Среќен роденден“.

Инаку, Џејмс е роден со Даунов синдром, а неговиот татко Иван Мартин откри дека лекарите му рекле дека можеби никогаш нема да проговори.

„Но, тука сме. Џејмс не само што зборува, туку и откако почна не замолчи“, изјави Иван за Би-Би СИ.


1006