Промоција на „Папокот на светлината“ во Битола

Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска се одржа промоцијата на романот „Папокот на светлината“ од Венко Андоновски.
Како што информираа од Издавачки центар ТРИ, Винка Саздова разговараше со Венко Андоновски за сите прашања што ги покренува овој роман – животот, суетата, пријателството и верноста, прочистувањето на душата, потрагата по суштината.
И во овој текст Андоновски го поставува прашањето дали човекот може да го поправи светот?
Винка Саздова во воведното обраќање рече за авторот и неговото ново дело : „20 години е повозрасен од моментите кога ја пишуваше „Папокот на светот“. Ако таму ја бараше смислата на своето постоење , овојпат ја бара во повисока смисла . како што ние се менуваме во животот така ни се менуваат и книгите. Ние писателите не можеме да избегнеме од она што сме го спознале. “
Андоновски ја доби наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување за 2022 година. А романот се распродал за еден месец.
