June 2, 2023

Викендов во Битола се одржа Ревијален шаховски натпревар помеѓу ветераните од Скопје и Битола за развојот на шахот во Македонија. Натпреварот се одигра во Офицерски дом во Битола, а го отвори Градоначалникот на Битола др Тони Коњановски.

Екипите на Скопје беа пофокусирани на 64те полиња и однесоа победа од Битола во двете кола кои се одиграа истовремено. Или екипата на скопските ветерани ја победи екипата на битолските ветерани со 2 : 0 .

Ова несекојдневно шаховско натпреварување е во организација на сите шаховски клубови од Битола, се одржува и ќе се одржува за промоција на шахот како дисциплина за натпреварување, спорт. И двете екипи ги претставуваа реномирани , докажани и некои од нив сега повлечени од натпреварувања шахисти; за Битола Брзовски Томица, Борче Илиевски, Јосип Димитровски, Цане Стојановски, Лазар Калчовски и Ѓорѓи Карапетров. А за Скопје играа Димитар Илиевски, Љубомир Илич, Илија Спасевски, Миле Трајковски, Александар Кралевски, Љубомир Хаџиманев.



1031