May 29, 2023

Состојба на патишта – суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Забрана за сообраќај: Поради минирање, односно изведување на градежни активности за изградба на експресен пат А2 делница Длабочица – Чатал, на ден 20.03.2023 Понеделник, во периодот од 13:00 до 16:00 часот предвиден е прекин на сообраќајот на потегот село Ветуница – мост на река Блидеш. За време на минирањето сообраќајот ќе биде во прекин за сите типови на возила. По минирањето патничките возила ќе се пренасочуваат на спореден пат, додека сообраќајот за сите останати типови возила ќе остане во прекин до расчистување на магистралниот пат.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес-Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 .


1021