Најавено замрзнување на цената на јајцата од кокошка

Министерството за економија утре ќе достави предлог до Владата за замрзнување на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март, додека цената на оризот и белиот шеќер во моментов нема да се предложи таква одлука.
“Утре ќе се замрзне цената на јајцата од кокошка и македонскиот ориз согласно цените кои биле во текот на март, а во делот на шеќер и брашно во делот на увозните цени и производни цени имаме намалување на цените во изминатиот период и нема да превземеме никавми мерки за овие два производи засега, очекуваме трендот на намалување да продолжи“, кажа денеска на прес конференција министерот Крешник Бектеши, додавајќи дека одлуката за замрзнување на цените ќе стапи на сила веднаш по објавување во Службен весник.
„Во делот на јајцата, ние имаме најниска цена во регионот и во моментот се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот. Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз.

Извор: влада.мк


1148

Задолжително