June 2, 2023

ИГОР ЏАМБАЗОВ СЕ ПРОСТИ ОД ДИМЧЕ МЕШКОВСКИ КОЈ ПОЧИНА ДЕНЕСКА

Збогум, драг мој Мешко.

Има ли име ова? Оваа тага…

Низ главава ми експлодираат спомени.

Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари…

Ова го напиша популарниот Игор Џамбазов, по веста дека починал неговиот колега Димче Мешковски, популарен македонски актер кој во текот на својата кариера имаше голем број театарски и филмски улоги


1025