Коки Јанков има нова песна – „Муабет“

После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар, виолинистот  Коки Јанков, некогаш член на мегапопуларното дуо „Дуле и Коки“. На социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“.

Станува збор за музичка тема на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму самиот Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски – Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ.

„Се надевам дека ќе и се допадна на публиката, а искрено верувам дека ќе биде така. Вакви песни не се „раѓаат“ преку ноќ, за вакво нешто се чека, се мисли буква по буква, нота по нота… Лесно е денеска да извадите песна, симнете битови, напишете две реченици и наречете го тоа песна“ – вели Јанков, а на прашањето дали е ова можеби негова автобиографска песни, тој ќе каже: „Не би сакал да откријам, ете вие сами процнете дали е или не е. Се шегувам, мислам дека многу луѓе би можеле да се пронајдат во неа, па ете, зошто да не и јас“  – накусо искоментира познатиот музичар.


1058