Оградување и партерно уредување на дворот околу градинката „Мајски цвет“ во Битола

Дворот околу детската градинка „Мајски цвет“ е ограден. Ова го соопштија од Општина Битола откако градоначалникот д-р Тони Коњановски ја посети оваа градинка во Битола и направи увид во активностите за уредување на просторот околу градинката. А значајно е , затоа што градинката не беше оградена откако беше формирана пред повеќе од 2 децении.


Еден дел од дворот е партерно уреден, а наскоро почнуваат и активностите за зазеленување на просторот и подготовка на „Занимална на отворено“ преку која голем дел од програмски активности ќе се реализираат во дворот на градинката. Исто така, ќе бидат поставени различни играчки, справи и реквизити во дворот на оваа, но и во другите градинки кои се во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола. На овој начин, се создаваат услови за безбедно престојување на најмалите во дворот на градинката и учење низ игра на отворен простор како одличен метод за стекнување на знаења и вештини кај децата во раниот детски развој, констатираа градоначалникот Коњановски и директорката Кристина Лајмановска. „Учењето мора да биде во средина во која ќе / се учи преку искуствао, за заштита на средината, окружувањето и природата.“


За време на посетата од градоначалникот Коњановски, децата од оваа детска градинка низ креативни активности го поздравија високиот гостин и го најавија доаѓањето на пролетта. На градоначалникот му порачаа: „ Ние играме и учиме. Кој вели дека учењето е здодевно“.

Извор: Општина Битола


1401

Задолжително

Verified by MonsterInsights