April 20, 2024

Денеска, на еден час пред пладне, официјално започнува акцијата „Сите за почиста и позелена Битола“ – т.н пролетно чистење на градот и засадување и пошумување што го спроведуваат ЈП „Комуналец“ и Општина Битола.
Акцијата ќе трае два месеци. Оттука, многу е значајно граѓаните активно да се вклучат во акцијата,велат од ЈП „Комуналец“. Купете, донирајте, учествувајте во садењето на садници и зазеленување на градот.


Како да се вклучите?
Најпрвин да ја најавите својата желба за активно учество преку контактите што од претпријатието ги ставиле и на најавниот постер за оваа акција:


075 / 282 – 294 или на кomunalecbt@komunalecbt.com.mk

Следниот чекор е информација што сакате да направите…

Фото: најавниот постер на акцијата

Компаниите, мали и средни претпријатија може да купат садници и да ги донираат за зазеленување на одреден простор. Може и комплетно да се вклучат со своите вработени и да ги засадат купените садници. Тоа би бил добар тим билдинг.

Станбените заедници на зградите за колективно домување може и треба во овој период да поднесат барање до ЈП Комуналец и така да учествуваат во акцијата, а и сами да ги засадат садниците кои ги има на располагање. Тоа би била добра заедничка физичка активност на соседите.

Во акцијата може да се вклучат и граѓани (физички лица) како поединци или организирани во некоја невладина или партиска организација.

Фото: Од претходни акции со учество на граѓани, сопственост на ЈП Коминалец


ЈП Комуналец преку медиумите, социјалните мрежи ќе информира дневно каде ќе се спроведува активност на чистење и садење, па така навремено сите заинтересирани ќе може да ги планираат своите активности.
Копањето на отворите наменети за садници, заштитната опрема, вреќи за смет ако го има , се тоа ќе биде обезбедено од ЈП Комуналец. Потребна е само желбата да се учествува во разубавување на градот. Мотото на акцијата е „Вклучи се денес – инвестирај во здрава иднина“.

Според Програмата за работа на ова комунално претпријатие усвоена од Општина Битола, за нивните активности предвидени се 2000 садници. За се дополнително, потребно е најпрвин да се оствари контактот и заеднички да се испланира.

Фото насловна: ЈП Комуналец


1102