March 28, 2024

Генералниот Директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски оствари работна средба со Потпретседателката на Европска Инвестициона Банка Лилјана Павлова


Генералниот Директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски оствари средба со
Потпретседателката Лилјана Павлова и претставници на Европската Инвестициона
Банка (European Investment Bank).
На работната средба беа претставени енергетските капацитети на АД ЕСМ, завршените проекти во изминатите 3 години и планираните идни проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Европската Инвестициона Банка се наклонети кон пружање поддршка во секторот енергетика, особено обновливите извори на енергија и искажаа особен интерес за преминувањето на нашата земја кон обновливи извори на енергија, истакнувајќи
го искуството на други земји од регионот во енергетската трансформација .

Од страна на директорот Ковачевски беше порачано дека за нас во период на енергетска криза и енергетска трансформација, е од големо значење поддршката од Европската Инвестициона Банка и другите пријателски земји кои веќе го имаат поминато патот на замена на енергетските капацитети и нивно преориентирање кон почисти извори.
На средбата се разговараше и за справувањето со енергетската криза и потешкотиите со кои се соочивме како земја во услови на криза и токму затоа е од особена важност транзицијата кон обновливи извори на енергија и енергетската независност на нашата земја.

Извор: ЕСМ


1023