June 6, 2023

ВМРО-ДПМНЕ Битола: Десет дена молк по тешката хаварија на БЛОК 3 !!!

Остра реакција и големи критики за работаа на РЕК Битола деновиве доаѓаат од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. РЕК Битола работи по принципот “падни/стани” БЛОК по БЛОК велат од партијата.
Во продолжение нивната реакција во целост.

Го прашуваме раковдството на Електрани на Македонија која е причината за молкот за тешката хаварија со поголеми размери во котелскиот дел на БЛОК 3 и дали некој направил план за работа или знае колку време ќе биде надвор од функција?
Иако СДС се обидува да го „прикрие“ дефектот на котел 3 во РЕК Битола, велејќи дека е во официјален сервис во екот на зимската грејна сезона, состојбата не е нималку наивна. Котелот 3 е оштетен и прашање е дали воопшто ќе може да се оспособи за нормална работа.
ВМРО-ДПМНЕ навремено предупредуваше дека набавка на несоодветен јаглен од Косово, Албанија и Грција може да предизвика проблеми во работењето на РЕК Битола.

Според информациите кои кружат низ јавноста, носен е битуменозен јаглен со многу поголема калорична моќ. Котелот во РЕК Битола од конструктивни причини не може целосно да согори битуменозен тип на јаглен. Донесениот јаглен е со многу поголема количина на пепел и сулфур. Како последица на тоа се јавува “забетонирање“ на шљака околу цевниот систем во котелот и загадување на атмосферата со “кисели“ дождови.

Ваквото нестручно работење на СДСМ и ДУИ предизвика застој на котелот и состојба во која тој е целосно “бетониран“ од кота “0“ метри до кота 20 метри. Сѐ уште не е можно да се влезе во него и тој дел да се исчисти. И најверојатнио нема да може да се исчисти. Минатата недела бевме сведоци и на повредени работници кои морале да интервенираат во котелот, но поради високата температура се здобиле со изгореници.
Блок 3 во РЕК Битола уште долго време ќе биде во таканаречено “сервисно“ одржување и надвор од погон.


Еве го исходот од „квалитетното“ менаџирање на РЕК Битола: оштетен котел и повредени работници. Вчерашниот ден го проследи и ново ‘’планско’’ испаѓање на БЛОКОТ 1 а минатата недела речиси пет дена комплетно надвор од функција беше јагленовиот систем од двата рудници додека вртеа стотиците камиони од ваков увозен јаглен со сомнително потекло !!!

Ги предупредуваме да не ја префрлаат вината на работниците и посадата на БЛОК 3 кои ќе бидат заштитени од правниот тим на ВМРО ДПМНЕ бидејки синдикатот очигледно е ставен во функција на заштита на Менаџерскиот тим. Го повикуваме раководството веднаш да си поднесе оставка !!! Виновниците и се познати и на јавноста и на вработените и за тоа бараме ОСТАВКА од целокупниот раководен тим на ТЕРМОЕЛЕКТРАНИ и РЕК Битола кој дозволи ваков јаглен да биде донесен, а потоа и ставен за горење во котлите со што се предизвика оваа хаварија со несогледливи последици се со цел за тешки провизии и богатење на поединци !!!

На крај, почитувани, бараме оставка од директорот на Електрани на Македонија, Васко Ковачевски, ако од ништо друго, нека ја поднесе од морални причини !!!

Извор: прес служба ВМРО-ДПМНЕ


1032