Жолто на црвено

Вечерва од 20.00ч во Офицерски целовечерен концерт ќе одржи Јован Милошевски. ЈОУ Културен и информативен центар Битола со поддршка на Општина Битола со особено задоволство го најавува концертот како што велат „на битолската гордост, светски познатиот музичар, човекот чие присуство секогаш носело радост и восхит “ЈОВАН МИЛОШЕВСКИ.

Јован Милошевски е професор по гитара кој своето првично музичко образование го стекнал во Битола. Го дообликувал во Шпанија, во Парлма де Мајорка. Сега е дел од професорскиот тим на музичкото училиште „Систонс“ чиј директор е .
Зборува Шпански, Македонски, Каталонски, Англиски, Италијански, Српски и Хрватски јазик.
Од него на социјалните мрежи и YouTube може да најдете изведби и на негова музика и аранжерски обработки на македонска народна музика, видео-туторијали за различни музички фрази кои се изведуваат на гитар, а има и демонстрации за свирење на електрична гитара. Во последните неколку месеци пред јавноста се појавува и како дел од трио бенд со џезот како доминантен жанр на музицирање. Тој е и композитор и аранжер. Во прикачениот YouTube спот е претставена неговата авторска композиција посветена на Петар Милошевски, познатиот македонски голман.
КИЦ пишуваат „Ви го најавуваме Јован Милошевски на класична гитара, со концерт на шпанска и македонска музика за класична гитара „Жолто на црвено“. Четврток на 23.03.23 во Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 20.00 ч. Влезот е слободен. Бројот на места е ограничен.“

