April 16, 2024

Централниот регистер го избриша бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од регистерот на здруженија

Бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ од Битола е избришан од Централниот регистар, по одлуката на министерот за правда Кренар Лога донесена врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности. Во графата на Централниот регистар за делот правен статус на овој субјект стои „избришан“.
Комисијата за употреба на имиња на личности се изјасни дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.
Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.


1141