June 2, 2023

„Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“, нова историско-документарна драма за Гоце Делчев

Деновиве од печат излезе драмскиот текст „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“ .
Авторот, Зоран Пејковски по овој повод се огласи на социјалните мрежи. Вели: „ текстот е шност е драмски ораториум, и е прв во македонската драматургија, во кој преку историско – документаристички приказ е прикажан ликот на Гоце Делчев, еден од најголемите синови на Македонија и на македонската револуционерна борба. Пишуван е по повод 120-годишнината од смртта на Делчев (1903-2023), и со него сакам да го вратам македонското достоинство, кое е газено од една рака на профитери, кои на очиглед на целиот македонски народ продаваат сѐ што е македонско, заборавајќи дека душата на Македонецот не е на продажба. Само душата останува чиста и чесна.“

фото: корицата на драмата, сопственос Зоран Пејковски


„Кога ќе прочитате за деветте кодоши, кои кодошејќи директно учествуваа во смртта на Гоце Делчев, веднаш ќе ви стане јасно дека историјата ни се повторува, дека овие изроди кои сега го распродаваат Македонецот и македонското достоинство се истите тие кодоши и предавници кои за пари распродаваат сѐ. Впрочем и најзначајната сентенца за смртта на Македонија уште во 1903-та година ја кажува Димо Хаџи Димов со смртта на Гоце Делчев. Тој ќе рече: „Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце како да беше наведнат врз гробот на Македонија. Петнаесет часа ни се кинеа срцата, зашто осиромашуваше цел еден народ…“

Фото: од доделувањето на годишната награда „Ацо Шопов“ за неговата „Убавите Жени“


Рецензенти на најновиот драмскиот текст на Пејковски овојпат посветен на Гоце Делчев се: историчарката, проф.д-р Виолета Ачкоска, лингвистот и експерт за културно наследство, м-р Александар Јорданоски и драматургот, м-р Трајче Кацаров. „Имено, секој од својот научно-книжевен и драмски аспект пишува за драмскиот ораториум.“ – вели Пејковски. Корицата е на македонскиот уметник Сергеј Андреевски. Издавач е една од најзначајните македонски издавачки куќи ПНВ-Публикации од Скопје.
„Борбата продолжува. На тоа не обврза Гоце Делчев. Овој драмски ораториум го заслужува вашето внимание.“-вели Зоран Пејковски.


1041