March 29, 2024

Девојче почина во болнички услови и медицински надзор во Битола

Голем револт и инсистирање дека се работи за тешка грешка во професијата доминира денеска во Битола по објавувањето на информацијата дека 6 годишно девојче од Кравари, битолско го загуби животот во болнички услови по медицинска интервенција започната заради висока температура.
Според медиумските објави од кажувањата на родителите на починатото девојче, лекарска помош од педијтриското одделение во Клиничка болница во Битола побарале по неколкудневно домашно лекување на настинка, температура и дијареа. Нивните претпоставки се дека при укажувањето на помош не се забележало дека кај девојчето е покачено нивото на шеќер во крвта, па рутински за надминување на состојбата и била аплицирана инфуција со гликоза.
За трагедијата на која реагираат и сите вработени во битолската болница особено тие што се вработени во одделението за Педијатрија потврди и директорот Д-р Александар Обедниковски. За медиумите информира дека девојчето било хоспитализирано вчера утро, но дека кон 14 часот и се влошила состојбата, по што започнал процес на реанимација во одделението за интензивна нега. Реанимациските напори останале безуспешни по што била прогласена смрт. Според законската регулатива, од болницата побарале пато-анатомска обдукција којашто подоцна , заедно со медицинската документација ќе ги даде одговорите за причината за смртта, дали има лекарска грешка или небрежност од било кој во медицинскиот тим во одделението.
Полицијата и ОЈО се известени од страна на Клиничка болница и тие во моментов ги преземаат првите чекори за обезбедување на доказите. По анализа на Институтот за судска медицина ќе биде утврдено дали ќе се бара нечија кривична одговорност.

Фото насловна : влез во служба за анестезија и реанимација , сопственост КББТ


1065