April 19, 2024

Нови тоалети во ЦОУ ,,Славко Лумбарковски” во Новаци

По долги години во ЦОУ ,,Славко Лумбарковски” во Новаци се изградија нови, модерни санитарни јазли внатре во самиот објект кои ги задоволуваат сите современи стандарди како што и доликува за едно основно училиште.
Средствата во износ од 666.605,00 денари беа обезбедни од Буџетот на Општина Новаци. Градоначалникот Стевче Стевановски во текот на вчерашниот ден ја заврши комплетната проверка на секој аспект од оваа општинска инвестиција.

ЦОУ „Славко Лумбарковски“ е едно од најстарите училишта во Македонија.

Наставата на македонски јазик започнала на 4.12.1944 година а прва учителка била Ратка Николоска. Во овој период училиштето работело како четиригодишно училиште под името „Стив Наумов“, а од 1956 година работи како основно училиште под името „Славко Лумбарковски“. Училиштето во тој период ги опфаќало и подрачните училишта од селата: Логоварди, Рибарци, Гнеотино, Балдовеници и Билјаник, а училиштето вака егзистира сè до 1976 година.

Во 1976 година се формирала Работната организација „11 Октомври“ за основно образование на Општина Битола, а во нејзиниот состав влегло ООЗТ – ЦОУ „Славко Лумбарковски“ со четири работни единици и тоа: Дедебалци, Маково, Суводол и Старавина.


1137