April 19, 2024

Османи – Бербок: Прво уставни измени, потоа преговарачките кластери

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ги повика политичките „играчи“ во земјава да гласаат уставни измени. Бербок која беше во официјална посета на Македoнија, ја пренесе пораката од Берлин до крајот на годината да се заврши процесот за промена на Уставот. 

Кажа дека Германија нема ја остави земјава на цедило, а во исто време порача дека Македонија има преговарачка рамка со Европската Унија и истата треба да се оживее од сите кои застанале зад неа и сите кои сакаат членство во ЕУ. 

– До сите партии, до сите учесници им се обраќам- искористете ги сите расположливи средства за процесот да продолжи и тоа во следните месеци, да не се случи да не успеете на оваа клучна пречка. Договорената промена на Уставот не смее да стане политичко јаболко на раздорот, во натпреварот за популарност во анкетите или пак натпреварот за тоа која партија на крајот на изборите би можела да  има некаква предност. – изјави Аналена Бербок МНР Германија.

Порача и дека уставните измени мора да се направат, за да не заминат младите од земјава. Најави посета повторно во декември, поради, како што кажа таа, разговор со сите демократски фактори во земјата. 

А шефот на дипломатијата Османи пак кажа:

 – До ноември ако не се завршат, преговорите прекинуваат. Со сите психолошки и административни последици. Второ, Албанија сигурно ќе го продолжи патот. Трето, со постигнатиот договор помеѓу Косово и Србија во Охрид, сигурно ќе има нова забрзана патека за Западен Балкан за да се наградат страните кои беа коснтруктивни во разговорите. Тоа значи дека ние пак ќе останеме изолирани. – Бујар Османи МНР.

Бербок не одговори директно каква порака ќе му пренесе на Мицкоски, но средба меѓу нив се случи. Отрприлика еден час траеше разговорот. Пред средбата таа само порача дека и е многу важно да зборува со сите, затоа што во демократиите треба борба за секој глас за двотретинско мнозинство. 

А Порака за уставни измени испрати и Алтернатива. На прашање дали ќе ги условуваат уставните измени со најавениот амандман , со кој ќе бараат законите да важат ретроактивно за сторени злоупотреби од избрани и именувани лица, велат.

Орхан Муртезани Алтернатива – Дали ова ќе стане услов, морам да појаснам, ако на овој уставен амандман гледа како на уцена или на можност за пазарење, тогаш ставрно се потврдува дека не постои вистинска волја за борба против корупцијата. 

Премиерот Ковачевски пак сигурен во своите пратеници – тврди дека нема колебливи во неговата пратеничка група и дека сите ќе гласаат „за“ уставните измени. Тој ги негираше тврдењата на опозицијата дека деветмина пратеници од СДСМ се противат на измените на Уставот.


1152