Временска прогноза

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Наутро во долниот тек на Повардарието ќе има појава на ниска облачност. Дневната температура ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
Утре во северните делови ќе има преодно наоблачување со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник од пладневните часови ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, повремено поинтензивни и со засилен јужен ветер. Од ноќта кон вторник ќе започне да дува засилен северен ветер кој ќе донесе значително опаѓање на температурата.
