April 20, 2024

Поттикнување на претриемништвото кај младите луѓе во општина Могила

Денес заедно со претседателката на Совет на Општина Могила Маргарита Груевска имавме свое обраќање на настан „Поттикнување на претриемништвото кај младите луѓе во општина Могила“, што Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола ја реализираше во изминативе шест месеци.

Овој проект е поддржан преку проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Во рамките на оваа иницијатива изминативе месеци организираа настани и активности се со цел да ја мобилизираме заедницата во општина Могила и да поттикнеме поголем ангажман на младите луѓе во процесот на донесување на одлуки. Здружението организира обуки со цел учесниците да ги едуцира за можностите за вработување и самовработување, за да ги насочи кон поголем граѓански активизам.

За среќа во општина Могила се уште имаме млади кои ќе продолжиме да ги поддржуваме во понатомошните нивни идеи во областа на формалното и неформалното образование.

Општина Могила ги поддржува сите културни, забавни и спортски настани организирани од младите и во иднина ќе се трудиме успешно да ги пратиме новите трендови, новите идеи и потреби на секоја идна генерација.

Во најскоро време планираме во Могила да се отвори и Младински културен центар по примерот на големите градови.

Важноста за младинското учество – заедничкото носење на одлуки е голема бидејќи директно или индиректно го обликува животот на младите.

Драганчо Саботковски, Градоначалник на Општина Могила


1063