March 29, 2024

Не заборавајте: Стрелките на часовникот вечерва се поместуваат час понапред

Летното сметање на времето започнува последната недела во март во 02:00 часот.

Летното сметање на времето ќе започне вечерва со поместување на часовниците за еден час нанапред.

Стрелките на часовникот ќе се поместат од 2:00 на 3:00 часот.

Во Западна Европа поместување на стрелките на часовникот е воспоставено на почетокот на 1970-тите, со образложение дека го „продолжува“ денот, заштедува енергија, ја зголемува продуктивноста, ја подобрува адаптацијата на луѓето и го прави работниот ден поефикасен.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март во 02:00 часот и завршува во последната недела во октомври.


1112