March 29, 2024

И МЛАДИТЕ МАКЕДОНЦИ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ХАРМОНИЈАТА ВО АВСТРАЛИЈА

Австралија неделава што измина, го одбележа Денот на хармонијата – 21 март.

Во австралиските училишта, Денот на хармонијата го одбележаа и младите Македонци, заедно со соучениците од различно етничко потекло од целиот свет, чии родители живеат и работат во Австралија.

Младите Македонци во Австрлија, Денот на хармонијата го одбележаа со македонски знамиња со шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа. Ја славеа и победата на македонската фудбалска репрезентација со Малта, два спрема еден за Македонија!

Денот на хармонијата – 21 март, во Австралија за првпат е одбележан во 1999 година. Денот на хармонијата одбележува прослава на единството на различностите. Тој ден се одбележува во цела Австралија. Првично како австралиска слава, а денес Денот на хармонијата – 21 март, се одбележува ширум светот.


1027