НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ВАЛЕТА

Последниве три години во Малта се изведува дополнителна настава по македонски јазик за Македонците кои живеат и работат во оваа медитеранска земја.
Наставничка е Розита Закева. Часовите се одржуваат еднаш неделно и најголемиот акцент е ставен на запознавање со татковината Македонија. Секако, малите Македонци ја изучуваат македонската азбука, а за повозрасните предавањата се за граматика и правилно изразување, читање и творење.
– Преку игра и другарување, песна и музика, креативни работилници, театар и драма, поезија и раскази, фолклор и традиција, децата Македонци го изучуваат македонскиот јазик и поблиску се запознаваат со нивните корени, – вели Розита.
Успех во работата и за многаја лета!
