ЈП Комунале ја реализира акцијата „Сите за почиста и позелена Битола“

Јавното претпријатие „Комуналец“ денеска продолжува со акцијата за пролетно зазеленување на градот.
Денеска екипите се и ќе бидат на шетлиште и на ул. 8 Септември.
Според нивниот план на активности денеска шеталиштето се рачистува од искршените и стари липи. На местото кадешто тие се отстрануваат се садат нови.
На ул. 8 септемри продолжуваат активностите кои започнаа минатата недела. Се чистат жардињерите и се садат нови декоративни садници.
Акцијата „Сите за почиста и позелена Битола“ продолжува.


Паралелно со овие активности, ЈП Комуналец, продолжува со расчистување на дивите депонии.
Континуирано, во периодот што следува, ќе се работи на хортикултурно уредување и создавање на нови паркови во урбаниот и руралниот дел на општината.


1163

Задолжително

Verified by MonsterInsights