Македонија одбележува три години полноправно членство во НАТО
Неколку показни вежби и активности на македонската Армија и прелет на сојузнички воздухоплови од мисијата „Air Policing“ ( воздушна полиција/ слоб. превод) треба да го означат малиот јубилеј – 3 години македонско членство во НАТО. Во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи и свечена академија на која ќе се обратат премиерот, министерката за одбрана и началникот на Генералштамот на македонската армија.
Дипломатскиот кор, политичари, државни функционер утринава од 9.00часот се на т.н. традиционален „НАТО појадок“ во Клубот на пратеници во Скопје. Ја одбележуваат три годишнината од македонското членство во оваа алијанса, значајна за безбедноста на државата.