Папата облечен во бела пуфнаста виндјакна.Овие фотографии, Папата облечен по најпоследна мода, со шишенце вода во раката и бурма на другата станаа вирални, а многумина и поверуваа дека аргентинецот Фанциско тргнал по стапките на својот претходник Јован Павле Втори кој ги користеше сите модерни начини на комуникација со верниците.
И разбирливо, многумина се разочарале, а уште толку се заплашиле од фактот дека ова е лажна фотографија направена од АИ (ВИ – вештачка интелигенција), односно дека е компјутерски генерирана слика. Па колку што се врти фотката на „модерниот папа“ толку се разгорува дискусијата за ДИПФЕЈК.

Што е дипфејкс АИ?

Корените на дипфејкс се во „компјутерски генерирани слики“, односно комбинација на вештачка интелигенција и компјутерско учење со цел замена на лицето на субјектот со друг. Дипфејк технологијата скенира по интернет за достапни слики од лицето на внесениот субјект, најчесто преку социјални медиуми или други мрежи за пребарување, и е во состојба автоматски да се развива кога ќе се појават нови слики. Ова ѝ овозможува на технологијата да создава сè пореални видеа и слики.

Фото: Меган и Хари преку АИ, сопственост https://mustsharenews.com/


Или, „дипфејк“ претставува аудио и видео, манипулирано да изгледа и звучи како вистинска личност, користејќи различни техники, како менување на лицето, поставување израз на лицето врз лице на друга личност, или синхронизирање на движењето на усните.
Овој тип на видеа се сметаат за новиот бран и закана во епидемијата на лажни вести и нормално, најголемата грижа е дека ќе се користат за политчки цели, па повеќето напори кон детектирање на оваа технологија се насочени во таа насока. Досега евидентно е дека во светот оваа технологија, наместо за предвидување на Алцхајмер, се користи за вознемирување, и уценување, најчесто преку одмаздничко дипфејк порно.

Фото насловна : https://mustsharenews.com/


1317

Задолжително

Verified by MonsterInsights