Пијано маратон во Битола

Државното музичко училиште Битола по повод „Светскиот ден на пијаното“ оваа среда на 29.03.23 од 10.00ч до 19.00ч во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола ќе одржи „Пијано маратон“.
На програмата се три големи концерти:
10.00ч за најмалата публика од градинките
12.00ч за децата од училиштата
19.00ч Свечен концерт
Пијано маратонот се реализира во соработка со КИЦ Битола.
