Денеска се одбележува меѓународниот „Ден на театарот“

Преку порака дека е место што треба да се види, до коментари дека ја покажува вистината за животот, и, дека е општествениот (социјалниот) Рентен (сфатен како Х-зраци) на своето време , Театарот, од 1962 година на 27 март во годината го слави својот Ден на театарот.

Од првата порака на Жан Кокто(француски писател,драматург,режисер, сликар и боксер), во 1962г дека „Природата на театарот е да создава парадокс: таа историја, која со текот на времето, станува деформирана, а митологијата, која, како што одминува времето, се утврдува, го има својот единствен вистински момент на реалноста на сцената.“; До последната на Самиха Ајуб (актерка од Египет) дека…

„Театарот во својата суштина е чист и хуман акт кој базира на есенцијалното хумано, а тоа е животот“ , и дека „ Нашиот свет никогаш не бил толку блиску поврзан меѓусебе како што е денес, но во исто време никогаш не бил ниту повеќе одалечен и дисхармоничен каков што е денес. Тука лежи драмскиот парадокс кој современиот свет го истакнува пред нас.“; театарските работници низ светот само потсетуваат на пораката од големиот Константин Станиславски(признат светски театарски и актерски „учител“ од Русија) „Никогаш не доаѓај во театар со кал на чевлите. Остави ја прашината и валканоста надвор, преиспитај ги своите мали грижи, караници, проблеми и остави ги на закачалка како твојот капут“ ;

зборува само за магијата којашто Театарот може да ја направи за секого во секое време (и во било кое место на било кој јазик, можеби во моментот непознат.)
„Љубов! Тоа е вистинскиот збор за театарот – кој ми доаѓа на ум кога мислам на театарот, кога сум во него, на сцената, во публиката, додека ја подготвувам улогата… А чувствата – е, тие не можат да се опишат така лесно со зборови… тука се испреплетени и срцето и душата, и умот и телото, тука се и потта и солзите, и смеата и лутината, и болката и радоста… “ – вели Теута Ајдини од Македонија во националната „Ден на театарот “ порака. И уште вели …

„ во името на сите мои колеги, сите театарски творци и работници во Република Северна Македонија: Да ги оставиме драмите да се играат на театарските штици, во костуми, со сценографија, кореографија, под рефлекторите на сцена, со музика… со сето она што ја создава театарската магија пред театарската публика. Нека се смее таа публика, нека се замисли и загрижи, па и нека заплаче… но нека заплаче за судбините на Антигона и Офелија, за оние трагични ликови, кои ние актерите и другите театарски дејци им ги пренесуваме на сцена, од делата на драмските уметници… Да ги отстраниме драмите од нашето секојдневие, од улиците, градовите, селата, каде што поради болните амбиции на некои ликови со моќ и диктаторски амбиции; терористи, екстремисти и манипулатори со верските и етничкитете чувства, страдаат нечии деца, браќа и сестри, родители, љубени, блиски, соседи, сограѓани, сонародници… луѓе од крв и месо.
Драмите, трагедиите, не треба да се одвиваат на ниедно друго место, освен на театарската сцена. Затоа, кажете им не! на тие што прават светот да крвари; бидејќи секое наше противење се брои.
И, се разбира: повелете во театар.“

Во Битолскиот народен театар, вечерва од 20.00часот, претставата „Татко на татковината“ адаптација на култната драма од Алфред Жари, „Кралот Иби“.
Во претставата играат: Никола Пројчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.
Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски, автор и режисер Иван Пеновиќ.
