Сите сме Јана -граѓански протест

Смртта на 6 годишнаа Јана од Кравари битолско е непријатен потсетник дека состојбите во битолското здравство се неприфатливи. Секојдневие станаа информациите и сомнежите дека лица починале откако побарале и добиле медицинска помош во најголемата здравствена институција во градот. Битолчани бараат промена , а последната трагедија само ги алармира, дека треба гласно да се говори и заеднички квалитетно да се решат сите проблеми.
Оттука и повикот за мирен протест против состојбите во кои се губат човечки животи.
Утревечер во 19.00часот на плоштадот Магнолија.
Граѓаните преку социјалните мрежи ги повикува Игор Петковски, кумот на малата Јана.
„Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка,најемотивна и неопишливо жална и болна….
Битката за барање #ПравдаЗаЈана која однапред знаеме дека институционално ја губиме не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско “ТОА Е”
Туку да се ОБЕДИНИМЕ,да се видиме сите Среда 29.03 на плоштад Магнолија во 19:00 часот, да кажиме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО,тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!
ДОСТА Е од прерано заминатете чеда!
ДОСТА Е од негрижата!
ДОСТА Е од нефункционалноста на медицински апарати!
ДОСТА Е од редиците и безредието!
ДОСТА Е од третманот-МОЈ ЧОВЕК!
ДОСТА Е од плати па ДОБИЈ!
ДОСТА Е од нестручноста!
ДОСТА Е од меѓусебните нарушени меѓучовечки односи и неколегијалноста!
ДОСТА Е од партизацијата!
ДОСТА Е од лошите услови!
ДОСТА Е од нехигиената!
ДОСТА Е од силеџискиот и немил однос спрема пациентите!
ДОСТА Е од префрлање на вината кон пациентите!
СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА КАЖАНО:
ДОСТА Е ОД КОПЛЕТНО НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!!
БАРАМЕ:
1.ПРАВДА ЗА ЈАНА-ВЕДНАШ!
2.ОСТАВКИ-ВЕДНАШ!
3.РЕФОРМИ-ВЕДНАШ!
